fbpx

Симболот за корупција, ВМРО-ДПМНЕ, се плаши од правдата, затоа поднесува неосновани интерпелации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Владо Мисајловски на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција.

Лицемерно и лажно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција кога токму оваа партија е синоним на коруптивно дејствување, провизии од тендери и незаконско финансирање на партијата.

11 години режимско владеење придонесе за вртоглав раст на корупцијата и на неказнивост на партиски функционери.

ВМРО-ДПМНЕ е партија чие цело партиско раководство и речиси половина од актуелната пратеничка група секојдневно е пред судовите каде се сомничат за сторени тешки кривични дела.

Еден од нив е и Миле Јанакиески поранешниот шеф на Владо Мисајловски кој денеска се заканува со интерпелација.

Друг е Антонио Милошоски човекот кој бегаше од судски доставувачи не се појавуваше на рочишта за да избега од правдата.

Оваа партија правеше се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство за да нема реформи во судството.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од прочистување на судството се плашат од крај на нивните Сваровски инсталации и бескомпромисна борба против корупцијата.

Затоа се овие неосновани интерпелации за кои ќе доживеат уште еден неуспех, уште еден пораз.

Последни вести