fbpx

Јаневска еден ден е партиски портпарол, друг ден е експерт, токму ВМРО-ДПМНЕ ја политизира образовната реформа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Јаневска еден ден е партиски портпарол, друг ден е експерт, токму ВМРО-ДПМНЕ ја политизира образовната реформа

Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ја политизира реформата на образованието и како и за сите важни прашања се поставува спротивно на интересите на граѓаните и на државата.

Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ, која вчера беше говорник на јавната расправа за концептот на реформата на образованието денеска држи партиски прес за тоа што го кажа вчера, ама го претстави како кажано од експерт.

Јаневска еден ден е партиски портпарол, друг ден е експерт.

Ова е уште еден доказ дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја политизира реформата во образованието на штета на ученциите и наставниот кадар.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да се демантира за нецели 24 часа, а имаше 11 години да направи нешто добро за образованието, но наместо тоа остави хаос во образованието и го доведе на дното на сите ранг листи.

Затоа со транспарентна реформа се создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред и го враќа достоинството на наставниот кадар.

Последни вести