Соопштение за јавност
Ништо ново нема кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во криминална, режимска матрица, продолжува со својот срамен и нечесен однос кон граѓаните.
Откако во медиумите се објавени документи дека докажаниот дезинформатор пратеникот Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, граѓаните очекуваат тој излезе пред јавноста, да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник.
Пратеник кој ги лаже граѓаните, кој го девалвира Собранието не е достоен да ја врши функцијата и мора да замине.
Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знаат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот.
И наместо Милошоски, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ си продолжува со неосновани напади.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е последна што може да зборува за НАТО.
ВМРО-ДПМНЕ правеше се за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не смогнаа сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридеценискиот сон на генерации граѓани на Република Северна Македонија.
НАТО значи безбедност, сигурност, цврсто зацртани граници, солидарност и признавање.
ВМРО-ДПМНЕ сака изолација и нестабилност и затоа шест пати губат на избори и затоа уште долго ќе останат во опозиција.