Соопштение за јавност
Почитувани,
Информираме дека во СДСМ во тек е внатрепартиска постапка и за избор на претседател на Форумот на пензионери.
Како нова организациска единица на СДСМ, Форумот на пензинери е формиран со последните статутарни измени донесени на дигиталниот Конгрес на партијата.
Форумот на пензионери има клучна улога во креирање и подобрување на политиките согласно барањата и потребите на нашите повозрасни граѓани, односно за сите пензионери.
Отворениот повик за самокандидирање за претседател на Форумот на пензионерите на СДСМ завршува утре и сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да се пријават.
Заинтересираните кандидати своите кандидатури, со целосна прилог документација во хартиена форма, во затворен плик со назнака „Самокандидатура за Претседател на Форумот на пензионери на СДСМ“ може да ги достават најдоцна до 26.02.2021 година, до Претседателот на СДСМ, во седиштето на СДСМ од 08:00ч до 16:00 часот.
Детални информации и форми за апликација може да се преземат на официјалната интернет страница на СДСМ (https://sdsm.org.mk/otvoren-povik )
СДСМ е парија на граѓаните која работи за граѓаните. СДСМ победува, но и се менува постојано, за уште подобро да му служи на народот, на државата.