Соопштение за јавност
Фактите зборуваат дека довербата на Владата во Собранието е изгласана со 62 пратеници, изборните резултати се тие, нашето мнозинство е тоа, никогаш не сме рекле дека имаме поголемо мнозинство, но може да се зголеми, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Таа нагласи дека е многу легитимно што претседателот Зоран Заев се повика на член 217 став 2 од Деловникот, според кој во секое време може усмено да побара доверба на влада.
Логично е да знаеме и цела јавност да знае, а денеска се виде дека позицијата има мнозинство, за да престанат шпекулациите и дезинформациите, истакна Калеска Ванчева.
Таа нагласи дека во услови кога се соочуваме со пандемија, со изолирани пратеници и со болни пратеници, опозицијата знаејќи го тој факт, правеше се за да не дојде до ефективна работа на парламентот.
Калеска Ванчева појасни дека пратениците од опозицијата пред се од ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат во собранието, ќе се потпишат и кога ќе видат дека нема 61 пратеник не влегуваат на седница.
Се погласни беа дека имаме проблеми во коалиција и сакаа да наметнат перцепција дека немаме мнозинство. Денеска цела јавност можеше да види кој има проблеми, дали позицијата или опозицијата порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Топ тема на телевизија Телма.