fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лага, Мицкоски повторно е поразен, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер.

Лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство се наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата“.

Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата.

Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните и за иднината на нашата држава.

Последни вести