fbpx

СДСМ секогаш е прв во промените, искрено се обраќаме првенствено до чесните од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа не е Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ е прв во промените. Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси.

Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред.

Неговата визија се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.

Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не на криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад.

Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата.

Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив.

Затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.

Губитникот Мицкоски нема капацитет и кредибилитет да учествува во идејата за национално помирување меѓу најодговорните партии. Тој едноставно не поседува политички капацитет вистински да ја разбере.

Последни вести