fbpx

Заев: ,,Нова политика” значи нови луѓе и прифаќање туѓи ставови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со процесот на промени внесуваме многу новини во фунцкионирањето на партијата, за првпат ќе имаме внатрепартиски избори на кои секој член ќе може да гласа за нов претседател на СДСМ и тоа е врвна демократска вредност, посочи претседателот Зоран Заев во интервју за „Слободен печат“.

Заев истакна дека по изборите, ќе следуваат нови кадровски промени во раководството и ја објасни својата програма за новиот четиригодишен мандат како претседател на СДСМ.

„По изборите ќе следува Конгрес на партијата некаде во месец мај и јас очекувам ново политичко освежување како дел од новата политика и тоа е првиот момент од мојата програма. Вториот момент е уште позасилено креирање на политики за борба против криминалот и корупцијата. За мене, борбата против криминалот и корупцијата е подобар економски стандард, подобро здравство, подобро образование, но и побрз пат кон ЕУ. Криминалот и корупцијата ги има секаде во светот. Во таа борба секој мора да даде свој придонес и тука ќе се вградиме сите. Трето, ќе охрабриме различни мислења. СДСМ е партија во која владее демократијата но сакаме да дадеме шанса за уште поголема присутност на различни мислења, за дополнително да ја зајакнеме демократијата. Многу важен елемент е да ги отвориме вратите и за сите оние кои не мора да имаат книшка од СДСМ, но веруваат во социјалдемократските вредности и проевропските политики„ посочи Заев.

Претседателот Заев порача дека демократизација на партиите е важен процес кој придонесува за демократизација на целото општество.

„Во еден политички систем, ако политичките партии се подобри, ако се подемократски, посовремени, тогаш и власта е подемократска и посовремена. „Нова политика“ значи нови луѓе и прифаќање на нови мислења, и затоа ќе отвориме можност секој еден да се вгради во промените, да придонесе и да и помогне на државата„ истакна претседателот Заев

Последни вести