fbpx

Претседателот Заев на онлајн трибина на Форум на жени: Политките на СДСМ се во духот на целосна родова еднаквост и еднаква застапеност на жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот Заев на онлајн трибина на Форум на жени: Политките на СДСМ се во духот на целосна родова еднаквост и еднаква застапеност на жените

Претседателот Зоран Заев вечерва се обрати на онлајн конференција на Форумот на жени на СДСМ организирана по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.

Во своето обраќње, Заев истакна дека СДСМ е партија која креира и реализира политики кои имаат за цел да ја унапредат родовата еднаквост, но и да го елиминираат родовото базирано насилство.

„Горд сум што нашите социјалдемократски вредности, нашите политики како Влада се целосно во духот на родовата еднкавост и еднаква застапеност на жените во политичкиот и општествен живот. СДСМ отсекогаш била партија која била прва во промените, лидер во поглед на практики насочени кон родовата еднаквост и разновидност во многу социјални области. СДСМ, како партија, направи историски исчекор не само во нашата земја, туку и пошироко во Европа и светот, со што покажавме дека сме меѓу ретките партии каде родовата еднаквост ја поставуваме на сите нивоа. Еднаквоста е придобивка на генерациските борби за правното врамување на основните права и слободи на човекот, затоа од клучно значење е поставувањето на темелните принципи на еднаквоста помеѓу мажите и жените во нашата партија.“ посочи Заев.

Претседателот Заев ја поздрави иницијативноста на Форумот на жените, кои преку квалитетни издржани мерки и политики влијаат врз подобрување на статусот на жената во општеството.

„Нашиот влог во партијата е со цел да го менуваме општеството. Работиме посветено да создадеме услови на целосна рамноправност преку обезбедување соодветно присуство на жените во сите општествени текови, па и во политиката, преку нивната достапност на врвните позиции во законодавната и извршната власт. Застапеноста на Вас -жените на еднакво ниво со мажите е дел од европеизацијата и модернизацијата на современите социјалдемократски вредности и заложби, со што СДСМ станува партија на квалитетни идеи и вредности кои треба да се негуваат и развиваат“ заклучи Заев.

Претседателот Заев зборуваше за веќе реализираните политики во изминатите неколку години и додека дека СДСМ нема да застане се додека не се постигне вистинска еднаквост во општеството, вклучително и на пазарот на трудот.

„Но исто така, еднакви права за жените и мажите, значи и еднакви плати за жените и мажите. Еднакви обврски за жените и мажите. Нашите економски политики, кои значат подобрување на животот на сите граѓани, на стандардот на работниците се фокусирани и во оваа насока. Понудуваме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, да ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Веќе имаме и резултат. На пример со Оперативниот план за програми и мерки за вработување. Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. И нема да застанеме додека не постигнеме еднаквост на пазарот на труд за да ја поттикнеме мотивираноста, охрабрувањето и определувањето на местото на жените во долгорочниот напредок и емнципација на жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените.“ рече претседателот Заев во обраќањето.

Последни вести