fbpx

Јавното здравје се штити со превентивни и рестриктивни мерки, а не со лажни вести и опструкции како што прави ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Во период кога јавното здравје е загрозено, болничките капацитети забрзано се полнат, за да се спречи колапс на здравствениот систем неопходно е воведување на рестриктивни мерки.

Бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови расте, пред се поради трансмисија на вирусот преку собири, заради непочитување на мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и избегнување на групирање.

Во услови кога пандемијата зема замав, наместо критики, лажни вести и опструкции, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, потребна е дисциплина, солидарност, доследно почитување на превентивните мерки.

Ниту вакцината не е волшебно стапче за решавање на пандемијата, за што зборува состојбата во соседна Србија, каде и покрај големиот број имунизирани лица, викендов се затвора сé освен продавниците со прехранбени производи, аптеките и бензинските пумпи. Сите држави во регионот се соочуваат со скок на бројот на инфицирани и со разни мерки се справуваат со пандемијата, во Европа најдраматична е состојбата во Чешка, која се соочи со колапс на здравствениот систем и веќе почна да праќа болни на лекување во соседните земји, полициски час има во Холандија.

Наместо да шири неосновани критики и напади, ВМРО-ДПМНЕ барем еднаш да покаже конструктивност и да ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за да се зачува јавното здравје и ситуацијата со коронавирусот да остане под контрола, а здравствениот систем стабилен.

Последни вести