fbpx

Преку лагите и нивните медиумски курири, ВМРО-ДПМНЕ намерно ја поткопуваат набавката на вакцини на штета на здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ преку лагите и нивните медиумски курири намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета на здравјето на граѓаните.

Како многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, преку измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

Владата и Министерството за здравство од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Во процесот на набавка на кинеските вакцини, нема ништо незаконски, ништо нерегуларно.

Лажните обвинувања без никакви докази за наводни провизии или нерегуларни постапки само ја потврдуваат заложбата и напорите на Владата и Министерството за здравство да обезбедат вакцини што побрзо за граѓаните

Од почетокот на пандемијата па до денеска, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.

Затоа беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно.

Последни вести