fbpx

Поразите на Мицкоски нема да станат порази на државата и народот, пописот е безбеден и неопходен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Мицкоски за да се спаси себе си сака државата да ја турка во пораз.

Сите предлози на Мицкоски, чиракот на бегалецот, осуден криминалец од Будимпешта, Груевски водат кон неизвесност и несигурност.

Да ја потсетиме јавноста, Мицкоски беше против да се одржат вонредните парламентарни избори кои тој лично ги побара.

Беше против договор со Грција, против Преспанскиот Договор, а сега сме 30 земја членка на НАТО.

Мицкоски беше и се уште е против сите пет сета економски мерки со коишто се спасија стотици илјади работни места и се поддржани илјадници компании.

Бараше и работеше на тоа да нема функционален парламент, свесно преку своите пратеници ја кочеше финансиската поддршка за компаниите, граѓаните, пензионерите, здравствените работници.

Во техничката Влада, преку заменик министерката од ВМРО ДПМНЕ, кочеше финансиска поддршка од Светска Банка за опремување на болниците со цел полесно справување со коронавирусот.

Мицкоски беше против да се донесе и новиот Закон за Јавно Обвинителство, поради кој сега предметите од СЈО продолжуваат, а веќе се изречени судски пресуди. Една од нив е и за неговиот ментор Сашо Мијалков.

Почитувани,

Мицкоски кочи, тој не придонесува за доброто на граѓаните, на државата.

Неговата грижа за здравјето на граѓаните е лицемерна – тој во се гледа шанса како да ја задржи лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси цели 19 години државата нема спроведено попис како најважна политичка операција и тоа токму поради ВМРО-ДПМНЕ, која потроши народни пари и го прекина пописот во 2011 година заради партиски калкулации.

Пописот е исклучително потребен и државата конечно ќе добие целосни, прецизни и релевантни податоци за натамошен развој.

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно, по сите стандарди без застој.

Нема да се одложи. Ги имаме сите протоколи за безбедно спроведување, институциите се подготвени за секој детал, за секоја ситуација.

Почитувани,

Поразите на Мицкоски нема да станат порази и на државата и народот. Неговата очајна борба да опстане во Белата палата, нема да биде на штета на развојот на државата и на иднината на граѓаните.

 

Последни вести