Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да измислува и конструира непстоечки случаи во обид да спечали некаков ситен политички поен.
Со недели од белиот дворец лажат за наводен нелегален тутун иако тие лаги досега неколку пати се демантирани.
Според јавно објавени информации, за конкретниот случај за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ, уште пред неколку месеци отворена е предистражна постапка во рамки на Царинската управа, известен е и надлежен Јавен обвинител, пред ВМРО-ДПМНЕ воопшто и да ја отвори оваа тема.
Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ предводена од бранителот на криминалот Мицкоски, му пречи тоа што денеска се води неселективна и бескомпромисна борба против корупција, па затоа шират лажни вести против вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и неговото семејство.
Времето кога се контролираа и отвораа наменски фирми за одредени бизниси и никој не одговараше за ништо заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, никој не е над законот, секој што ги прекршил законите одговара без разлика кој е.
Фрустрирани од поразите, и очајни затоа што не успеваат да го одбранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им останува само да шират лажени вести, да конструираат случаи во кои никој повеќе не верува.
Ете затоа губат на сите избори во последните четири години, затоа ќе изгубат и на локалните избори на есен.