На ВМРО-ДПМНЕ им пречи борбата против корупцијата, па шират невистини во очај што не можат да го одбранат криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ упорно си тера со измислици и конструира непосточеки случаи за наводен нелегален тутун, иако нивните лаги повеќе пати беа демантирани.

Јавноста е информирана, но по се изгледа не е информиран портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски дека за конкретниот случај за кој изнесува лаги, пред неколку месеци е отворена предистражна постапка во рамките на Царинската управа, известен е и надлежен Јавен обвинител.

Во белата палата очигледно им пречи што оваа влада води неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата , па затоа шират лажни вести против вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и неговото семејство.

Денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот – одговара, нема повеќе недопирливи.

Очајни што не успеваат да го одбранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и избезумени од последователните порази на сите избори, губитникот Мицкоски и неговите соработници не знаат што друго да прават, освен да шират лажни вести во кои никој не верува.

Затоа губат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.