fbpx

Пописот ќе се одржи согласно здравствените протоколи, здравјето на сите ќе биде заштитено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пописот којшто ќе се одржи ќе биде согласно сите здравствени протоколи кои се одредени од здравствената комисија, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска од Собранието, во одговор на новинарски прашања.

Костадинов посочи дека државата има капацитет и е гарант дека во најголемата статистичка операција, целосно ќе биде заштитено здравјето како на граѓаните, таа и на попишувачите.

„Попишувачите коишто ќе бидат на терен и во непосреден контакт максимално ќе ги почитуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето. Овде државата е гарант дека од страна на попишувачите на ниту еден начин нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Од друга страна речиси 20 години сме без одржан попис и сметам дека навистина е голема неопходноста за одржување на една таква статистичка операција и како таква граѓаните ја разбираат и како таква ќе биде реализирана, имплементирана во државата“ заклучи Костадинов.

Последни вести