fbpx

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи бескомпромисната борба против организираниот криминал во државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Институциите предводени од СДСМ неселективно и бескомпромисно се борат против организираниот криминал во државата и градат општество во кое правдата е еднаква за сите, во кое нема недопирливи и сите што го прекршиле законот ќе одговараат.

Акцијата во Грчец покажува дека институциите влегуваат со сериозна акција против криминални структури, кои 30 години биле поддржувани од различни елити на власта.

Продолжуваме со дејствување против сите форми на криминал, со цел да го ставиме општеството под “контрола” и да се спречуваат било какви настани кои ги рушат угледот, довербата и сигурноста на граѓаните.

Ова очигледно и пречи на опозицијата во белата палата, која не успеа да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер губитникот Мицкоски, кој се декларира како единствениот на браникот на криминалот.

И наместо да ги поздрават акциите против организираниот криминал, шверцот и корупцијата од ВМРО-ДПМНЕ шират невистини. Граѓаните знаат кој посветено работи во нивен интерес и затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е поразена на избори.

Последни вести