fbpx

Се потврди спрегата за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ со медиуми финансирани од Будимпешта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди спрегата со медиуми, кои се посочени како гласила што се финансираат со црни пари од Унгарија и кои по нарачка шират лажни вести и конструираат непостоечки случаи.

Токму затоа најголем уплав од борбата против корупцијата и криминалот, па ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски.

Вистината е дека Николовски нема никаква поврзаност со споменатиот случај за шверц на тутун, кој патем е откиен и соодветно сакнциониран од надлежните институции.

Спротивно на изнесените манипулации, уште на почеток на месец февруари 2021 година, Царинската управа спроведе акција за заплена на нелегален тутун и целосно разоткри случај за којшто е поднесена и соодветна кривична пријава. Значи институциите делувале многу пред ред овој случај да биде објавен.

И не е само овој случај и не е само оваа акција, запленети се 146.278 килограми тутун, внесен во државата како необработен и пуштен незаконски во промет, за што се поднесени кривични пријави по основ на неплатена акциза од близу 5 милиони евра.

Институциите предводени од СДСМ сериозно се занимаваат со спречување корупција и шверц и токму затоа кулминира стравот од правдата кај остатоците од режимот, кулминира паниката во ВМРО-ДПМНЕ од неселективното владеење на правото.

Наместо очајно да се обидуваат да ги компромитираат и оцрнуваат сите што се залагаат за неселективна правда, наместо да шират дезинформирации во јавноста од ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимаваат со интересите на граѓаните а не да работат против нив.

Последни вести