Фондацијата „Фридрих Еберт “, Канцеларија Скопје распишува Конкурс за учесници на Школата за креирање на младински политики “Кратко и јасно”.
“Кратко и јасно” е образовен проект, дизајниран како академски курс и работилница за креирање на социјалдемократски решенија за проблемите со кои се соочуваат младите.
Главна задача на “Кратко и јасно” е да овозможи на младите од СДММ платформа на која ќе ги споделуваат своите ставови по одредени прашања и ќе развиваат предлог политики кои ќе ги понудат како решенија. “Кратко и јасно” дополнително ќе им овозможи на учесниците и дискусии со експерти од областа, но и теоретско знаење, особено во делот на креирање на политики.
Овие цели ќе се реализираат во рамките на три тематски активности во периодот од мај до октомври 2021 година. Секој кандидат има право да се пријави на 1 или повеќе активности, зависно од личниот интерес и претходните познавања од темата.