Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите.
Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната за овој случај.
Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.
Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Мицкоски.