Соопштение за јавност
Правната држава во реалност и во пракса, функционира, изрекувањата на казните за Сашо Мијалков и останатите, бегалецот во Будимпешта Никола Груевски, поранешниот претседател на ВМРО ДМПНЕ, значи дека заштитените поединци на режимот веќе добиваат ефективни затворски казни и тие ги одлежуваат, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „200“ на Алсат телевизија.
„Секој мора да одговора за своите постапки пред законите. И тоа се случува денес во нашата држава. Секој, не е битно дали е политичар или е близок до определени политичари од самата власт, дали е полициски службеник или било каква професија да има, ако се огреши кон законот, тој одговара„, нагласи Костовски.
Пратеникот Костовски истакна дека двете значајни акции што беа спроведени од страна на МВР, за незаконски издавања на патни исправи и со заплената на голема количина на марихуана во износ од над 800 илјади евра, е доказ дека црните денови и пракси во работењето, особено на МВР се зад нас, времето на заробена држава и на сваровски судството заврши.
– Нивниот обид за саботажа на самата акција со пуштање на полувистини или невистини во јавноста е со цел таа акција што МВР ја спроведува одлучно и непристрасно, да се оцрни во јавноста и во очите на граѓаните, но тоа не се случи, рече Костовски, додавајќи дека Христијан Мицкоски никако да се одважи да признае или да не признае дали бил во контакт со еден од осомничените во акцијата „Двојник“.
СДСМ е одлучна да стави крај на криминалот во оваа држава, а угледот на МВР во секојдневната борба со криминалот е на висок степен.