fbpx

Усвоени законите за петтиот пакет мерки, победи народот, деструкциите на опозицијата одново поразени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Собранието денеска ги усвои Законите за реализација на петтиот пакет мерки, од утре, помошта конечно пристигнува кај граѓаните.

Денеска повторно победи народот, повторно се поразени деструкциите на опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство сторија сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна.

За разлика од нив, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлеуваат и десеттици илјади работници да останат без плати.

Парламентарното мнозинство денеска стави крај на уцените на опозицијата, на двомесечните блокади на законите поврзани со петтиот пакет мерки.

Разликата е очигледна, СДСМ и парламентарното мнозинство во сите околности работат за граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени лични интереси, на штета на граѓаните и државата.

Затоа шест пати се казнувани на избори и затоа одново ќе бидат казнети, затоа што се однесуваат неодговорно и граѓаните тоа го гледаат.

Последни вести