fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести, ниеден ученик нема да остане без учебници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Кој што прави ВМРО-ДПМНЕ или шири лажни вести или се однесува деструктивно на штета на граѓаните, а со денешната прес-конференција ги прави и двете истовремено.

Не е точно дека дури десет отсто од ученици во новата учебна година ќе останеле без учебници како што шпекулира денеска деструктивното ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно објави Министерството за образование и наука од следната година ќе примени комбиниран начин на учење, односно за учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција. Во случај некој ученик да има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава има обврска тоа да го обезбеди

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за дискриминација кон ученици бидејќи токму оваа партија со години ги дискриминираше ученици и наставниот кадар и системски му наштетуваше на образованието.

Преку новиот Закон за учебници се елиминираат нелогичностите во содржините кои ВМРО-ДПМНЕ со децении ги дозволуваше и така уништуваше генерации на ученици.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што денес образованието се осовременува, се адаптира на новите можности, се развива и носи шанса за надоградување на воспитно-образованиот процес, па затоа постојано шири лажни вести и шпекулации околу образованието.

Последни вести