fbpx

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се однесува незрело, тие се единствена опозиција која тргнала итерпелации од дневен ред кои самата ги поднела

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ

 

 

Прашање: Ваш коментар на прес-конференцијата ВМРО-ДПМНЕ каде прашуваат зошто не се стваат на дневен ред поднесените интерпелации?

Одговор: Благодарам на можноста право прво во врска со процедуралниот дел и членовите од деловникот член 45 и 48, да дадете да ги прочита студент од правен факултет во прва година ќе ви каже што е уредено со Делвникот и како се постапува по поднесени интерпелации. Тие се разгледуваат на прва наредна седница после одредувањето на рокот за да одговорат министрите кон која е дадена интерпелацијата и тој дел е јасен правно нема никакви дилеми и нема ништо поразлично од она што го кажа претседателот Џафери, а тоа го знаат и другите координатори на пратенички групи.

Јас сакам да се осврнам на друг аспект. Станува збор за фамозната 36 седница на којшто вие бевте сведоци кои беа условите за да се одржи седницата, односно да биде изгласана потребата од скратена постапка на законите од петтиот пакет мерки. Условите на коишто и ние инсистиравме да не бидат така, меѓутоа опозицијата инсистираше да се тргнат како точки од дневен ред беа интерпелациите коишто тие ги поставија.

Јас досега во 30 годишната работа на Собранието односно од кога постој Собранието, никогаш не сме виделе опозиција или било кој друг пратеник да достави интерпелации и да бара таа да биде тргната од дневен ред. На координациите и јавно од Пленарна сала кажав на последиците од тоа што бараат тие да се случи. За денес да бидеме обвинети дека сакаме да ја замолчиме опозицијата. Ќе повторам, денес нека поднесат пак интерпелации како што е по Деловникот и ќе бидат ставени на седница и за нив ќе дискутираме на ден што тие ќе го одредат. Кажувам јавно сум кажал на координации и секаде нека определат тие ден кога сакаат да ги разгледуваме интерпелациите, досега во овој мандат имаше една интерпелација на министерот Димитров што беше поставена на една од седниците. Денот за гласање и дискусија по интерпелациите беше ден одбран од опозцијата, поради пратеник кој бил на патување чекавме за да можел да говори пратеникот од опозцијата.

Последни вести