fbpx

Шекеринска за 30 години СДСМ: Постојано придонесуваме за народот и за иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На онлајн настанот на кој се одбележа 30.роденден на СДСМ свое обраќање имаше и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска која се наврати на нејзините почетоци во партијата и нејзината кариера низ структурите на СДСМ.

– Како гласач на првите демократски избори се сеќавам колку беше голема разликата помеѓу она што беше прогресивна ненационалистичка политика на СДСМ а што беше миљето кое доминираше на Балканот и мислам дека тоа беше првата битка која го челичеше СДСМ. Да се покаже дека на Балканот шанса имаат и луѓето кои не мислат националистички, којшто не се популисти, којшто не се во трка да освојуваат само гласови а да не мислат на утре. И да, тогаш борбата за правото на Едмонд да одлучи каде ќе припаѓа политички беше можеби мојата прва политичка битка, бидејќи чуствувам дека неговото право е и мое право, дека неговата битка е и наша битка и мислам дека 90те години покажавме дека може поинаку и дека уште тогаш ги направивме темелите на вистински патриотска партија. А тоа е партија којашто мисли на својот народ, на своие луѓе и на нивната а не на својата иднина, посочи Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска истакна дека во сите овие 30 години покажала одговорност, покажала како се работи за народот и државата.

– Од нас секогаш се барала повисока одговорност. Да се биде член на СДСМ е чест и гордост. Да се биде особено во раководството на СДСМ е прво одговорност и таа одговорност е да ги носите тешките одлуки, овие другите владееја а ние решаваме проблеми. Е сега акао 11 години тие проблеми се таложеле добивате големо купче. И факт едека може да играте политика или можете да бидете одговорен, навистина ми е чест што избравме да бидеме одговорни и да се справиме со задачи што изгледаа неверојатни. Ги избравме вистинските битки да се бориме за слобода, да се бориме за правда, да се бориме за демократија, да се бориме за ред. Ама и успеавме да ги придобиеме на наша страна и многу луѓе кои изгубија во моменти кога беше најлесно да се дигне раце и да се каже режим никогаш не може да падне, ние бевме тие коишто решивме повторно да почнеме од почеток и да се обидеме уште еднаш. Битката низ којашто се калевме не направи посилни да испорачаме резултати на овие крупни прашања. После 30 години зборување ова беше Владата којашто на своите граѓани им испорача членство во НАТО. Од една мала држава од 2 милиона да можеме да кажеме дека сме дел од сојуз којшто е најмоќен во цветот. Она што мислам дека е важно е дека од големите политики не страдаа и не ги заборавивме малите таканаречени политики кои никогаш не би требало да бидат земени за мали. Како партија и во опозиција први ја почнавме битката за минимална плата, изгледаше неверојатно, ја убедивме и вообичаено тврдоглавата Влада да ги прифати тие концепти а потоа покажавме дека може три пати по ред да ја зголемуваме минималната плата и можеме 4 години по ред да се зголемуваат просечните плати во државата. Тоа се целите којшто си ги поставивме и цели на којшто покажавме резултат. Можеби најнеизвесната цел ни беше концептот едно општество за сите. И тука не калкулиравме, и тука не биравме што е популарно, биравме тоа што е правично, го биравме тоа што е паметно, го биравме тоа што е мудро и затоа денеска сме држава во којашто на овие теми не губиме непотребна енергија, којшто теме веќе не ни се прашање на живот и смрт, туку се теми којшто сакаме да ги гледаме како наша инвестиција во подобар Балкан.
Успеавме изминативе 30 години да направиме и грешки ама успеавме да излеземе посилни од грешките, и успеавме тие грешки кога ќе се случат да ги плаќаме како партија а не да ги плаќа државата. Решававме проблеми и затоа денеска имаме држава којшто е слободна, во која граѓаните не се плашат, Власта може да се плаши но не и граѓаните. Држава којашто е членка на НАТО но и држава којашто ги бележи резултатите и во поглед на владеење на правото и во поглед на економскиот раст. Не чекаат тешки битки ама успеавме изминатите 30 години и мислам дека тоа ни дава и сила и енергија и упорност за следните 130, заклучи Шекеринска.

Последни вести