Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ партијата која го инсталираше „Сваровски“ судството денеска да зборува правосудниот систем и правниот поредок во државата.
Додека во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ судиите и обвинителите се бираа од тефтерот на Гордана Јанкуловска а двоецот Михајло и Филимена Маневски беа алфа и омега во судството, денеска правосудниот систем работи ослободен од партиски и политички влијанија.
Неосновани и несериозни се денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.
Една од потврдите дека Академијата за судии и обвинители ги спроведува испитите професионално и објективно е фактот што истите ги положувале и луѓе блиски на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Сопругата на Игор Јанушев, сопругата на Тимчо Муцунски, братучетка на Анотнијо Милошоски денеска се дел од судството токму преку софтверот за кој ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува.
Не минуваат лагите од белиот дворец.
Владата го поседува софтверот, а не фирмата што ја посочува ВМРО-ДПМНЕ, фирмата само технички го спроведува испитот кој за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ сега се одржува во јавна установа, а не во приватна компанија.
Повеќе од јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што денес правниот систем и инистуциите бескомпромисно, неселективно и ефикасно се борат против криминалот, но лажните вести и измислиците што ги пласираат во јавноста нема да им помогнат да ги спасат криминалците во сопствените редови.
Колку и да не му се допаѓа на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, правосудството работи независно, професионално и испорачува правда.