fbpx

СДСМ е фаворит на локалните избори, пред граѓаните повторно ќе излеземе со чесна понуда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарски прашања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

П: Се ближат локалните избори вие како партија имате неколку филтри за избор на кандидати, кога може да очекуваме официјални кандидати за градоначалници и дали се можни предизборни коалицирања со партии кои сега не се во вашата коалицијата?

Во однос на коалицирањето, рано е да се зборува во овој момент. СДСМ дефинитивно е фаворит на престојните локални избори, имаме воведено повеќе начини меѓукои и мерит системот, како што се мери работата на градоначалниците, преку тој систем се бара одговорност, но и се мотивира за побрзо да се релизираат сите проекти коишто ги започнале и кои ги ветиле. После Конгресот закажан за 16 мај ќе влеземе во фаза на филтрирање на кандидатите за градоначалници, ќе бидат спроведени анкети во општините и секако преку дигиталниот систем ќе бидат анкетирани и членовите на СДСМ се со цел да се дојде до најдобрите кандидати на којшто ќе излезе СДСМ на овие локални избори. Исто така она што е јасно СДСМ и овој пат ќе излезе со чесна понуда пред граѓаните и ќе ги понуди најдобрите кандидати.

П: Дали СДСМ ќе ги поддржи напорите за отворени листи на лоланите избори?

Веруваме дека оваа наша интенција ќе биде прифатена и ние сме за, се со цел да се дојде до најквалитетните луѓе со коишто ќе раководат со општините во Советите.

 

Последни вести