Реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата за Зоран Милески Кичеец, нека си го прашаат Христијан Мицкоски. Цела јавност имаше можност да чуе како соработувале и што договарале тие двајца и какви услуги барал Мицкоски од Кичеец.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеаваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеваат да ги одбранат осудените насилници кои на 27 април се обидоа да убијат пратеници.
Се што оваа партија предводена од Мицкоски прави е одбрана на криминалци и насилници по секоја цена, затоа се таму каде што се – во опозиција, каде долго ќе останат затоа што се единствените на браникот на криминалот.