fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за 27 години не потроши ни денар за набавка на опрема, а сега креира наводни скандали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност
 
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со новите политики на СДСМ во Градот Скопје, со кои главниот град станува модерна, уредна, европска метропола, затоа продолжува со ширење лаги и дезинформации.
За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали.
Ништо не набавија а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема.
Скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе – запаливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети од граѓаните на избори и уште долго ќе останат во опозиција.
Последни вести