Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е против интересите на граѓаните против здравствениот систем и здравствените работници.
Заради лични мотиви Мицкоски преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот со кој државата ќе добие нов Клинички центар после 80 години.
Мицкоски треба да одговори дали мотивите за ваквото негово однесување е тоа што новиот Клинички центар не се гради на имотот на Сергеј Самсоненко партнер на тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев?
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести за наводни криминали и скандали за да спречат капитален проект во интерес на сите граѓани и здравствениот систем.
Пред да каже било што Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за сите штети што ги предизвикува неговата ВМРО-ДПМНЕ па дури потоа да се обиде да ја бара нивната поддршка.
На јавноста одамна и е јасно дека освен одбрана на криминал, лажни вести и деструкција ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо друго и затоа шест пати ги казнуваат на избори.