fbpx

ВМРО-ДПМНЕ правеше експерименти во образованието без никаква консултација со ученици, родители, наставници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години режим насила и диктаторски воведуваше таканаречени реформи и во образованието, што резултираше со незадоволни наставници и родители и ученици, кои со своето знаење заостануваат зад врсниците во европските држави.

Лошите козметички корекции ВМРО-ДПМНЕ ги носеше во кабинет без никаква консултација со ученици, родители, наставници.

Владата предводена од СДСМ сите промени во образованието ги прави во широка консултација со сите засегнати страни, и во најдобар интерес на децата што е еден од основните постулати во сите меѓународни конвенции.

Со реформата се воспоставува нов систем за учење и нов квалитет во основното образование, во интерес на учениците, да ги подготви за иднината, да бидат носители на развојот на нашата држава.

Опозицијата, со експериментите како Кембриџ програмата и екстерното тестирање покажа дека нема идеја какво образование и е потребно на нашата држава и предложената реформа ја користи за дневна политика и шири дезинформации.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ која плански го уништуваше образованието, Владата предводена од СДСМ создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред и го враќа достоинството на наставниот кадар.

Граѓаните тоа го знаат и затоа континуирано, шест пати по ред го поразуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.

Последни вести