Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат проблем што се води неселективна борба против корупција, имаат проблем што процесот на имунизација се одвива непречено, имаат проблем со се што е добро за државата и граѓаните.
Кампања за информирање и едукација на граѓаните за значењето на вакцинацијата е нужно потребна, за здравје на граѓаните се работи. Исто како и кампања за борба против корупција, каде токму граѓаните играат важна улога во детектирањето и пријавувањето коруптивни дејствија.
Владата предводена од СДСМ обезбедува контрола врз трошењето на средствата за кампања, а не како што тоа го правеше режимската и криминална ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа во нивно време, државата беше последна по медиумските слободи, а денеска е прва во регионот.
Додека за СДСМ и институциите што ги предводи на прво место е интересот на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ најважни личните и теснопартиските интереси.