fbpx

Петровска за „Топ тема“: ЕУ сега има задача да го оствари она што го вети, а тоа е дека треба да ги започнеме преговорите, од црвените линии нема отстапка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одлуката на советот на ЕУ каде на Македонија и се даде признанието дека треба да ги отпочне преговорите говори многу за степенот на реализација на реформите на државата и што е направено во изминатиот период, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа додаде дека во оваа ситуација е мошне битно е да не бидеме ниту песимисти ниту оптимисти туку да ги гледаме реално изјавите, особено од високиот претставник на ЕУ кој рече дека Македонија ги исполни условите за да почне со преговорите, а вториот момент дека ЕУ преку своите институции многу поактивно ќе делува во наредниот период, со цел тие преговори конечно да почнат.

Разбирливо е после ветото што го стави Бугарија злоупотребувајќи ја својата позиција како држава членка на унијата, енергијата и еуфоријата за ЕУ кај граѓаните, политичките партии, институциите ќе спласне малку, рече Петровска.

Таа нагласи дека оваа ситуација во која се наоѓаме резултат на она што го направи Бугарија во ноември минатата година и тоа нема никаква врска со исполнувањето на критериумите кои се дадени во поглавјата.

Црвените линии, идентитетот и јазикот, кои ги повторуваме многу пати, се потенцирани, државата ги исполни критериумите, а унијата сега има задача, бидејќи добивме потврда дека ги исполнуваме критериумите, преку своите механизми да го оствари она што го вети, а тоа да е дека треба ги започнеме преговорите, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести