Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски преку пратениците во Собранието правеше се за да ги блокира пакетите антикризни мерки кои значат помош за домашната економија, за работниците, за граѓаните.
Мицкоски денеска во Битола требаше да им се извини на граѓаните затоа што неговата партија во Собранието блокира се што е во интерес на државата и граѓаните.
Владата, парламентарното мнозинство предводени од СДСМ обезбедија конкретна финансиска помош за граѓаните и стопанството.
Преку пакетите економски мерки спасивме 100.000 работни места, помогнавме над 35.000 компании. За сето тоа време ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски седеа отстрана, ширеа лажни вести и гледаа како да ги блокираат законите за реализација на економските мерки.
Мицкоски нема ниту срам ниту став, а политичари без страв и срам се осудени на пораз.