fbpx

Заев на „Утрински брифинг“: Промените во СДСМ носат нова енергија со која уште подобро ќе им служиме на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во гостување во емисијата „Утрински брифинг“ претседателот Зоран Заев зборуваше за промените во партијата кои доаѓаат по 26. Изборен Конгрес како и за дел од досегашните успеси на Владата што ја предводи СДСМ.

„СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ. Точно, ние имаме 37,5% млади во Централниот одбор, имаме 60 жени, 60 мажи или застапеност 50-50, тоа се многу важни за нас социјалдемократски вредности, како и користењето на сите можни капацитети во државата“ истакна претседателот Заев.

Во однос на прашањето околу возраста на новиот Централен и Извршен одбор и паралелите со првиот претседател на државата Киро Глигоров, претседателот Заев посочи дека младоста не секогаш значи и отсуство на искуство.

„Го спомнавте поранешниот претседател Киро Глигоров, не знам дали знаете тој на свои 27 години е секретар на иницијативниот одбор на АСНОМ и ја има една од многу важните задачи ја води записникот од одлуките кои што се донесени во АСНОМ, тој е нашиот прв делегат во АВНОЈ на свои 27 години и навистина гледавме еве каква кариера стигна. Ова се само паралели, еве како пример ќе го земам вториот човек во СДСМ сега, тоа е Сања Лукаревска, 20 години или пола работен век од 40 години толку е во СДСМ во некои органи на управување, на раководење. Генерално, професионалните општествените или експертски ставови се градат во сите 20-тина комисии кои што се помошни тела на ИО и на ЦО на СДСМ. Покрај тоа што ги имаме сите стручни комисии, тие се и целосно отворени, односно не мора да се биде член на СДСМ да се биде претседател или член на одредена комисија и ние имаме сериозни општественици кои членуваат во некоја од комисиите или помагаат во работата на комисиите“ истакна Заев.

Во интервјуто претседателот Заев се осврна и на досегашните успеси на СДСМ во изминатите четири години во кои ја предводи Владата и државните институции.

„Во овие последни четири години имаме сериозни државнички политики, новината меѓу другото не е само во слободата и демократијата, денеска меѓународно мислам дека сме пример, потврдени од сите, соработката и пиететот со кој што се зборува за Северна Македонија е врв на Балканот, имаме пријатели насекаде во светот, станавме членка на НАТО. Во делот на економијата денеска видливо поразлично се живее со тоа што парите се враќаат кон граѓаните, зборуваме за 300% зголемена социјална помош, за 60 отсто покачена плата минимална, сериозно покачена просечна плата, зборуваме за унапредени работнички права, зборуваме конечно за нешто што значи живот од секој можен аспект,“ потенцираше Заев.

Последни вести