fbpx

Честитка од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски за Националниот ден на Власите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Северна Македонија.

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желба за добро здравје среќа и бериќет.

На овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите, како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и јазик, како значаен дел во мозаикот на мултикултурализамот во нашата држава.

Влашката заедница низ историјата несебично го давала својот придонес во борбата за слобода, државност и независност. Денес продолжува да придонесува во градењето на нашето современо општество, заедништво и меѓусебно почитување.

Честит 23 мај, Национален ден на Власите!“.

Последни вести