fbpx

Оглас за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

О Г Л А С

за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ во Аеродром, Студеничани, Сарај, Радовиш, Гевгелија, Кавадарци, Богданци, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Конче, Дојран, Зрновци, Карбинци, Чучер-Сандево, Демир Хисар

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за координаторка на општинските форуми на жени на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Упатството за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор на  координаторки на општинските форуми на жени на СДСМ:

  • Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;
  • Да бидат членки на СДСМ во моментот на поднесувањето на кандидатурата;
  • Да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
  • Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на жени на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап;
  • Да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги.

Заинтересираните кандидатки своите предлог-програми за работа и биографија треба да ги достават најдоцна до 06.06.2021година до Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.„Павел Шатев“ бр.8 Скопје или на електронска адреса: forumzeni@sdsm.org.mk

Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и насоки за програма за работа, пријава за самокандидирање и Упатство и роковник за постапката) се објавени на огласна табла во општинските организации на СДСМ и веб-страната на СДСМ  – www.sdsm.org.mk.

 

ПРИЈАВА за самокандидатуразапретседателка на општинскиот форум на жени на СДСМ

Насоки за изработка на предлог-програма

Упатство и роковник

Биографија

Последни вести