fbpx

Големи се хипотеките на Мицкоски штом мора секој ден да брани криминалци и насилници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Големи се хипотеките на Мицкоски штом мора секој ден да брани криминалци и насилници

Денеска Христијан Мицкоски повторно во првите редови во одбраната на насилството и криминалците, се заканува со ново насилство, како да не ја научил лекцијата на неговиот ментор од Будимпешта.

Нема криминал и насилство што Мицкоски не се обиде да го одбрани по налог на неговиот ментор Никола Груевски.

Очигледно големи се хипотеките на Мицкоски штом тој мора секој ден да брани криминалци и насилници.

Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

И не треба да се чуди што граѓаните шест пати го казнуваат на избори, ќе продолжат да го казнуваат се додека е на страната на криминалот и насилниците.

По сите искажани лаги, по сите деструкции, по сите обиди за одбрана на криминалот на Мицкоски само поразите ќе му останат.

Последни вести