Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ изгубени во својата деструктивност продолжуваат со лажни вести да ја манипулираат јавноста и да работат против здравствениот систем, против јавното здравје.
11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе изгради Клинички центар а сега кога се создадени услови за почеток на негова изграда, оваа партија кочи и блокира.
ВМРО-ДПМНЕ постојано е против здравствениот систем. Го кочеа заемот за опремување на здравствените установи и мобилни ковид болници, сега во Собранието го блокира Законот за изградба на клинички центар, со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар.
Со лаги и манипулации си бараат алиби за блокадите, за нив на прво место се дневно-партиските интереси, а на последно интересите на граѓаните и државата.
Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето и за унапредување на здравствениот систем, а ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и опструира.
Поради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред се казнеи од граѓаните на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.