fbpx

Караванот Млади Локално Заедно на СДММ во Илинден: Гласот на младите се слуша, се креираат мерки за подобар живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДММ продолжува со караванот Млади Локално Заедно, денеска се одржа трибина во општината Илинден а на која присуствуваа млади и од општините Петровец и Зелениково.

СДММ како прогресивна младинска организација која има тенденција постојано да се надградува остава неограничен простор гласот на младиот човек да биде слушнат. Поаѓајќи од ова се решивме концептот на овие трибини да биде генерирање на идеи и предлози на младите луѓе, како би подготвиле младински програми кои ќе бидат производ на размислувањата на младината од цела земја, рече претседателот Марко Михаилоски.

Одличен почеток додаде Михаилоски, во тој процес на подобрување на општественото функционирање е Законот за млади каде со вработувањето на младински службеник во секоја општина и државна институција младите имаат приемник за нивните проблеми и прашања кои директно ги засегаат.

СДСМ, како партија каде демократијата е највисока вредност, докажа дека е подготвен за темелни промени и во своите внатрешни структури и како резултат на тоа денес во новиот состав на ЦО младите се застапени со високи 30%, а како најголема партија на власт, секојдневно работи на подобрување на условите за младите луѓе во земјава.

Последни вести