fbpx

Алармантен е само очајот на Мицкоски, тој не може да поднесе успех на сопствениот народ, на сопствената држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Алармантен е само очајот на докажаниот деструктивец Христијан Мицкоски кој не може да поднесе успех на сопствениот народ, на сопствената држава, па затоа постојано лаже, измислува, конструира непостоечки случаи.

Тешки лаги се неговите тврдења дека се чепка идентитетот. Со тоа Мицкоски повторно прави штета на државните позиции и националните интереси и тоа во период кога Владата прави сериозна дипломатска офанзива за деблокада и кога поддршка пристигнува од сите страни, најсилна од земји членки на Унијата.

Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија. И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје лажеше дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот.

Мицкоски никогаш не се извини за овие тешки лаги, за денес да продолжи со истото антидржавно однесување.

Очаен, Мицкоски е подготвен да ги руши меѓународните позиции на државата и затоа нека не се чуди што постојано е казнуван од граѓаните и што долго ќе биде во опозиција.

Последни вести