Соопштение за јавност
СДММ продолжува со караванот Млади Локално Заедно, денеска се одржа трибина во општината Аеродром, а на која присуствуваа млади и од општината Гази Баба.
Ние младите во СДСМ сме двигател на промените, европските вредности да ги донесеме дома и да создадеме општини каде гласот на младите ќе биде слушнат и преку институциите и локалните заедници, младите да добијат поквалитетен младински живот во својата општина.
Токму поради тоа денес сме тука пред вас со цел ние како млади преку овие дружби на трибините генерираме идеи, сугестии и предлози со цел да подготвиме младински програми кои ќе бидат вклучени во локалните програми на престојните локални избори, рече претседателот Марко Михаилоски.
Ние сакаме да го чуеме гласот на секој млад човек од секоја општина, да ги дознаеме проблемите или потребите на младите во нивната општина, со тоа ќе создадеме квалитетни политики кои ќе се имплементираат во програмите на локалните избори.
СДСМ, како прогресивна партија докажа дека работи на подобри младински политики каде се слуша гласот на секој млад човек, а како резултат на тоа денес во новиот состав на ЦО младите се застапени со високи 30%, а како најголема партија на власт, секојдневно работи на подобрување на условите за младите луѓе во земјава.