Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Денеска е уште еден тажен ден во Собранието, каде ВМРО-ДПМНЕ потврди дека едиствено се за бојкот на работата на Комисијата, на Парламентот, по точките на дневниот ред.
Што се случи денес за да знае јавноста иако се уште не беше ни прочитан предлогот на дневен ред наидовме на бојкот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Со говори нергументирани стана збор за дигитализација, за пошти дури срамно е да се зборува на се што зборуваа. Почнаа со расправа на неутврден дневен ред, побараа и на почетокот еден час пауза за што како претседател на Комисијата сум должен да ја дадам, сметам дека секогаш треба да дадам процедурално кога се зборува за процедурата, за работата, но процедурално да се дава за дигитализација на Комисија за прашања на избори и именувања е навистина апсурд.
Секако дневниот ред беше ставен на гласање со 7 гласа ЗА, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше против затоа што од страна на колеги членови на Комисија за прашања на избори и именувања без известен како претседател дека не се створени услови за разгледување на првата точка, а тоа е избор на уставни судии и затоа го ставив и тој предлог на гласање и беше усвоен со 7 гласа ЗА со што преминавме на расправа по втора точка.
Заради хаосот што го правеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бев принуден да дадам пауза 15 минути по паузата ќе преминеме на точките по дневниот ред.
Станува збор за конкурси коишто се завршени веќе пред 4 месеци и имаме обврска да не ги оставаме институциите да не можат да функционираат.
Дебата ќе има колку што сакаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ но таа треба да биде аргумнтирана, а ние како одговорни пратениците треба да се грижиме како ќе биде текот на Комисијата. Како претседател на Комисијата ги уверувам граѓаните дека нема да оставиме да се спречуваат институциите да работат непречено.