Соопштение за јавност
Денеска започнаа зголемените теренски активности на СДСМ, маалските средби со граѓаните и граѓанските трибини ширум земјава.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Луаревска на маалска средба со граѓаните на Крива Паланка, зборуваше за сработените проекти во изминатите 4 години на централно и локално ниво за оваа општина.
„Сработеното ни дава право да кажеме гордо дека „Најдоброто за нашата општина“ е печат на СДСМ, особено овде во Крива Паланка! Најдоброто затоа што имаме најмногу реализирани проекти и најдобра кадрвоска понуда“ рече Лукаревска.
Зборувајќи за политиките на СДСМ за рамномерен развој на целата држава, Лукаревска посочи дека североисточниот дел од државата порано беше целосно заборавен а владата на СДСМ инвестира во огромен број инфраструктурни проекти кои се или реализирани или во фаза на реализација.
„Целиот Исток, целиот овој регион беше заборавен од претходната власт. А, токму овој регион е вратата на нашата држава кон северо-истокот и неговиот инфраструктурен развој е од исклучителна важност за меѓународната соработка и економскиот развој. И еве видливи се промените, за само неколку години откако СДСМ ја има честа и одговорноста да ја води централната и локалната власт. Во паланечкиот регион изминатите четири години се реализирани или се во фаза на реализација сериозни инфраструктурни проекти: како патот Крива Паланка – Огут и патот Крива Паланка – Луке, обновени за прв пат после 40 гидни. Патот Ранковце – Крива Паланка, Страцин – Крива Паланка, Деве Баир – Крива Паланка, но и патниот правец Узем-Тораница, инвестиција која е од огромно значење за економскиот развој на овој регион. Тоа е СДСМ, ние така знаеме, наместо во барок и споменици да инвестираме за граѓаните“ рече Лукаревска.
Заменик претседателката потенцираше и неколку проекти и инвестиции кои ги има реализирано локалната самоуправа во Крива Паланка предводена од СДСМ, за градот но и за населените места во општината.
„Гледавме дека и Крива Паланка се инвестира и модернизира. Гледаме обновени училишта, регулација на реки, тротари, проширени капацитети на градинка. Се решаваат долгогодишни проблеми на жителите на населените места. Од водоводна мрежа во село Луке, локален пат во Трново, во Голема Црцорија и многу други. Затоа велиме „Најдоброто“ затоа сме фаворити и на следните локални избори “ додаде Лукаревска.
СДСМ во периодот што следи со засилено темпо го продолжува континуитетот на теренски активности со директен пристап кон граѓаните. Преку урбани, маалски средби, граѓански трибини и средби со целни групи го презентираме сработеното но и ги слушаме граѓаните и нивните потреби, преку кои заеднички креираме политики и проекти за развој.
Докажавме дека сме партија која се грижи за граѓаните и затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е фаворит на претстојните локални избори.