Соопштение за јавност
Денеска секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ придружуван со претседателот на ОО СДСМ Кисела Вода Горан Трајковски и градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски одржаа маалска средба со граѓаните од оваа општина.
Пред присутните се разговараше за повеќе актуелни теми, за досега сработените проекти, но присутните дадоа и сопствени забелешки и предлози со цел да се изнајдат решенија кои уште повеќе ќе го унапредат квалитетот на живот во оваа општина.
Маричиќ се осврна на политиките на централната и локалната власт во изминатите четири години и потенцираше дека граѓаните ги препознаваат политиките кои нудат напредок и развој, политики кои се единствено во интерес на граѓаните.
– Во изминатите четири години постигнавме многу, се реализираа бројни проекти овде во Кисела Вода. Се пробиваат и реконструираат улици, се градат детски градинки и спортски игралишта. Очигледен е развојот и на другите општини низ државата. Тоа е мотив да продолжиме уште позасилено во периодот што претстои. Со чесна понуда и реални политики креирани со вас и за вас СДСМ е фаворит на локалните избори. Продолжуваме заедно со иста сила и ентузијазам за нови победи и за “Најдоброто за нашата општина” Заеднички креираме мерки и политики кои гарантираат локален развој, напредок и подобар квалитет на живот во секоја општина! На престојните локални избори уште еднаш ќе докажеме дека СДСМ е најсилната, најмоќната, најразнолика и најорганизираната партија, посочи Маричиќ.
Жителите на Кисела Вода ги поздравија досегашните реализирани проекти, а пред се конкретните реализирани проекти како што се регионален пат Јурумлери – Драчево и Драчево – Орешани – Таор. Рехабилитацијата на регионалниот пат Сопиште – Долно Соње. Населба Дрчаво исто така доби и целосно нова детската градинка со капацитет за 120 деца.