Соопштение за јавност
СДСМ денеска започна со маалските и урбани средби со граѓаните во десетици општини низ државата.
Функционери на партијата, членови на Извршниот и централниот одбор, пратеници и пратенички попладнево разговараа со граѓаните пред кои ги презентираа проектите што досега се реализирани, но и ги слушнаа изворно сугестиите и предлозите на граѓаните за идни мерки и проекти на локално ниво.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше во посета на Крива Паланка, членот на ИО на СДСМ Петре Шилегов на средба со граѓаните во Гази Баба ,а секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, со граѓаните во Кисела Вода.
Пратеничките на СДСМ Емилија Рамбабова и Соња Михајлова беа меѓу жителите на Карбинци и Виница.
Претседателката на Комисијата за животна средина и просторно планирање Каја Шукова го посети Кратово, а членот на ЦО Борис Тунџев се сретна со граѓани од општина Илинден.
Членовите на ИО Мелиса Ценовска и Васко Ковачевски беа со жителите на Врапчиште, односно Демир Хисар, а претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Атанасов во Градско.
Во периодот што следи, СДСМ со засилено темпо го продолжува континуитетот на теренски активности со директен пристап кон граѓаните.
Преку урбани, маалски средби, граѓански трибини и средби со целни групи во директна комуникација со граѓаните, заеднички ќе го креираме „Најдоброто за секоја општина“ за да продолжат напредокот и развојот како на локално, така и на централно ниво.
Преку посветена работа во континуитет докажуваме дека сме партија која се грижи за граѓаните и затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е фаворит на претстојните локални избори.