fbpx

Петровска за Алсат: Македонскиот јазик и идентитет се нашата црвена линија, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ се погрешна политика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во дебатната емисија „Патот кон..“ на телевизија Алсат истакна дека од тридневните протести на ВМРО-ДПМНЕ нема официјални барања, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ имала прилики да докаже дека го штити македонскиот идентитет но за жал тоа не го покажала.

Се поставува прашањето што е крајната цел на овие протести, ако сакаа да се пребројат – си ја видоа силата преку посетеноста или пак сакаат да го дефокусираат вниманието од она што се случува во Собранието, нагласи Петровска.

Таа смета дека блокадите се погрешна политика, бидејќи и пред неколку месеци спектакуларно најавуваа еден викенд, кога наводно требаше да се случи големо предавство на државата и тоа беше ексклузивно соопштено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и еве сега гледаме дека тоа не е така.

ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да биде фактор на одлучување, стана фактор на дестабилизација, нагласи Петровска.

Македонскиот идентитет не се брани со неколку блокади на раскрсниците, со тоа им се отежнува движењето на граѓаните, рече Петровска и повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се цврсто гарантирани и тоа се црвените линии во нашите преговори со Република Бугарија и дека во последните изјави од ЕУ е потврдено дека Република Северна Македонија ги исполни условите за започнување на преговорите, но е обесправена и се држи во заложништво од членка што ја злоупотребува својата позиција.

Во врска со претстојните локални избори, Петровска рече дека СДСМ е отворена за соработка и коалицирање пред изборите, со нашите коалициони партнери, кои сега се дел од власта.

Она на што сме фокусирани е да го понудиме најдоброто за секоја општина, рече Петровска.

Петровска во врска со извршната одлука на американскиот претседател Џо Бајден, која ги опфаќа сите лица, поединци и субјекти кои се обидуваат на било каков начин да го дестабилизираат Балканот и да го пренасочат развојот, смета дека токму таа одлука и го покажа местото на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е смирена и релаксирана по однос на извршната наредба и немаме никаков проблем при нејзиното почитување. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои немаат став за ништо, ние имаме став и за Рамковниот договор и за Договорот од Преспа и за Договорот за пријателство со Бугарија, бидејќи тие договори ги сметаме за начин на кој се затвораат политичките прашања, кои со децении биле алатка за опстојување на политичарите на власт без притоа да ги решаваат суштинските проблеми на граѓаните, нагласи Петровска.

Ние го решивме прашањето со името со Република Грција, го решаваме и ќе го решиме прашањето со Бугарија, во наш интерес и ќе ги отвориме поглавјата од преговорите ЕУ кои го подобруваат животот на граѓаните и ги решаваат нивните проблеми, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во дебатната емисија „Патот кон..“ на телевизија Алсат.

Последни вести