fbpx

Тренчевска на трибината во Прилеп: Го унапредуваме животниот стандард на граѓаните, го нудиме најдоброто за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Овде, во Прилеп, но и низ целата држава, го унапредуваме квалитетот на живот на сите граѓани, ние работиме за граѓаните и заедно со граѓаните ги бараме решенијата кои ги преточуваме во најдобра кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секој град и секоја општина, истакна членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска во Прилеп на трибината под мотото „Најдоброто за секоја општина“.

Таа нагласи дека СДСМ како партија која се води од социјалната правда, еднаквоста и солидарноста, во изминативе години спроведе низа мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права, ја зголемуваат социјалната сигурност, родовата рамноправност, вложуваат во човечкиот капитал.

Во корона кризата со шесте пакети економски мерки спасивме 100.000 работни места и ја задржавме економската стабилност во државата, ја покачивме минималната плата на 15.200 денари, растат платите во сите сектори, просечната плата во здравството, за нашите херои кои пожртвувано се бореа за нашето здравје во текот на целата пандемија, ја зголемивме за 4.700 денари, нагласи Тренчевска.

Пандемијата не научи дека системот мора да функционира, рече Тренчевска, додавајќи дека социјалната реформа донесена 2019 година беше ставена на тест и се покажа како мошне ефикасна во полесно пребродување на кризата.

Таа истакна дека со мерките и политиките на СДСМ дека од 1 октомври недела станува неработен ден за сите вработени, дека пензиите ќе продолжат да се зголемуваат, а невработеноста да се намалува и со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот.

Слушајќи го вашиот глас, вашите сугестии, предлози и идеи ќе продолжиме да се справуваме со предизвиците за сите граѓани, во сите области, за да изградиме заедно едно општество во кое сите сме еднакви, рече Тренчевска.

СДСМ ќе ја има најдобрата понуда за Прилеп, најдобрата понуда за секоја општина, порача членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска на трибината под мотото „Најдоброто за секоја општина“.

Последни вести