fbpx

Ги креираме најдобрите решенија за секоја општина, СДСМ продолжува со интензивните маалски средби со граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со теренски активности со маалски и урбани средби во општините низ државата.

Синоќа пратеничките на СДСМ Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска беа со граѓаните на Лозово, Маворво -Ростуше, Ѓорче Петров и Вевчани.

Додека претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Зоран Атанасов беше на маалска средба во Новаци, а Горан Козаров и Кети Василевска беа со жителите на Демир Хисар и Врапчиште.

Тие пред граѓаните ги презентираа проектите и мерките кои досега ги реализиравме но и ги слушаа барањата и идеите на граѓаните, со цел да ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме и во конкретни програмски решенија.

Така ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина за секој град. СДСМ останува со граѓаните, отчетно, транспарентно и инклузивно.

Граѓаните тоа го препознаваат и затоа даваат поддршка на концептот што води напред, концептот што носи резултати.

Затоа СДСМ и на претстојните локални избори е убедлив фаворит, затоа што го има најдоброто за секоја општина.

Последни вести