fbpx

Караванот ,,Млади локално заедно“ средба со младите од Чашка, Велес и Градско: Го креираме најдоброто за секој млад човек

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обединети во идејата да го извлечат најдоброто од секој млад човек и да му го дадат најдоброто на општеството, претседателот Марко Михаилоски и членовите на раководството на СДММ уште еднаш поттикнаа нова дискусија пред младите од овој крај со цел да ги слушнат нивните идеи и планови.

Поентата на дејствувањето на младинската мисла не е да се бориме за вклученост во генералните политики кои (ин)директно се однесуваат на нас, туку ние да креираме наши, сопствени политики кои ќе го променат нашето место и фукционирање во општеството во кое живееме. Затоа силно верувам дека секој еден од вас има проблем со кој секојдневно се соочува, а од друга страна по барем два предлози и идеи како истиот би се решил, вели Михаилоски.

СДММ со својот карарван „Млади локално заедно“ покажува дека од особена важност се гласот и размислувањето на секој поединец, во процесот на создавање на младинска програма за претстојните локални избори.

Уште еднаш се потенцираше дека Законот за млади, донесен минатата година, кој направи огромна разлика во фукнционирањето на институциите, е резултат и заслуга само на заложбите на младиот човек.

Овој начин на делување и функционирање на СДММ, е целосно поддржан и охрабрен од СДСМ. Партијата безрезервно стои зад својата младина и со своето работење ја потврдува довербата која ја има во младиот човек.

Последни вести