Соопштение за јавност
Секојдневно се потврдува разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.
Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалки и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите.
СДСМ заедно со граѓаните ја гради новата програма, ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.
Го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби и барања и истите ги претвораме во конкретни решенија од програмата за следните избори.
Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ е осамена во режимската матрица и се што прави е обиди за блокади, пласирање лажни вести и деструкција на секое можно поле.
СДСМ во континуитет покажува дека за нас зборот е збор, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува дека се единствени на браникот на криминалот.
Затоа сите релеватни анкети покажуваат дека СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата.